Dacia победи на Дакар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia победи на Дакар!

Nasser Al-Attiyah дојде до својата шестта титула на Дакар – и тоа зад управувачот на Dacia Sandrider!

По 49 часа бескомпромисно возење и песок, песок и да – уште повеќе песок, само 15 минути беа меѓу четирите најдобро-пласирани. Сепак, Al-Attiyah и неговиот совозач Fabian Lurquin дојдоа на врвот на табелата три етапи пред крајот и на самиот крај завршија на првото место.

На второто и третото место завршија Nani Roma и Mattias Ekstrom кои возеа Ford Raptor, а на четвртата позиција беше легендарниот Sebastien Loeb.

Зад него на петтото место заврши Carlos Sainz. Тој доби 15 казнени минути откако пропушти контролна точка на претходна етапа од релито а по деветтата етапа беше само минута позади првата позиција.

Сериозни претенденти на подиумот беа и возилата на Toyota Gazoo Racing тимот, но за жал мораа да се соочат со незгоди и дупнати гуми, па возилата на Toyota завршија на осмото и деветтото место.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.