Дакар легендата Симон Марчиќ доаѓа во Македонија на првиот ADV камп! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дакар легендата Симон Марчиќ доаѓа во Македонија на првиот ADV камп!

Дакар релито е синоним за издржливост, упорност и истрајност – а годинава словенецот Симон Марчиќ ќе дојде во Македонија на првиот ADV камп!

Секој натпреварувач кој има повеќе од 10 стартови на Дакар ја стекнува титулата Дакар Легенда, а една ваква легенда – словененцот Симон Марчиќ годинава ќе учествува на M*A*R*C – Macedonian Adventure Ride Camp. Па токму затоа, пристигна покана да му се придружиме годинава од 5 до 7 Јуни во охридско-преспанскиот регион.

Симон ќе биде еден од неколку тренери на M*A*R*C од 5 до 7. јуни во кампот Љубаништа каде на специјално дизајниран полигон и однапред дефинирани офроуд патеки низ природа ќе вози заедно со локалните и регионални мото-ентузијасти.

Централна локација е кампот Љубаништа. Во рамките на овие три дена главниот дел од програмата ќе понуди три сегменти:

  • Практична едукација за возење офроуд
на специјално дизајниран полигон;
  • Офроуд возење во природа по претходно
дефинирани патеки/рути
и
  • Асфалтни тури до претходно договорени дестинации.

По денови планот сега за сега изгледа вака:

  • Петок: пристигнување, кратко ориентациско возење/едукација. Официјално отвoрање со презентации и теоретска едукација
  • Сабота: Практична едукација за офроуд возење + возење во природа (офроуд и асфалт), и вечерна забава (презентации, интерактивни игри и забава)
  • Недела: Практична едукација за офроуд возење и кратка офроуд/асфалтна тура и заминување

Конкретните детали, темите, презентациите и предавачите ќе бидат објавувани на marc.mk и на нивниот официјален инстаграм-профил – @marc.advcamp.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.