Opel ни открива детали од освежената Astra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ни открива детали од освежената Astra

Германскиот производител ги објави првите фотографии од освежената Astra и најавуваат дека ќе биде технолошки уште понапредна, но и дека ќе има уште поостар, попрепознатлив дизајн.

Она кое можеме веднаш да го забележиме е новата, редизајнирана Opel Vizor предна маска во која се интегрирани дневните светла и осветлениот Opel Blitz. Ова е всушност дизајнерскиот елемент кој го нарекуваат Opel Blitz и кој полека но сигурно ќе се најде на сите идни модели на германскиот бренд.

Забележуваме и редизајнирани тркала и ревидиран преден браник со поголеми отвори за воздух. Можее да очекуваме и дискретни измени на задниот дел, како и ревидирана кабина со уште поголем акцент на дигитализацијата.

Florian Huettl кој е на челото на Opel изјави дека „освежената Astra ќе ги израдува купувачите со нови и уште поостри дизајнерски елементи, како и иновативни технологии.“

Во однос на погонската понуда, можеме да очекуваме дека Astra ќе ги задржи досегашните мотори – а тоа значи 1.2-литарски турбо-бензинец во неколку изведби, 1.5-литарски турбодизел, како и плаг-ин хибридна опција. Секако, Opel и понатаму ќе нуди целосно-електрична изведба, а ќе продолжи да ја нуди и караванската изведба со ознаката Sports Tourer.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.