Производството на легендарниот роудстер ќе заврши во март 2026 година, па по тој повод BMW изработија посебно ниво на опременост.
Надворешен дизајн ја вклучува новата Frozen Matt црна боја, пакетот Shadowline и црвените M Sport сопирачки.
Внатрешноста е збогатена со Vernasca кожа и Alcantara материјали и црвени шевови низ инструмент таблата, централната конзола, вратата, седиштата и воланот.
Final Edition моделот е достапен со сите мотори, вклучувајќи ги sDrive20i, sDrive30i и врвниот M40i кој може да се добие со шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач. Надворешниот изглед го надополнуваат 19 и 20-инчните тркала и црниот мек покрив.
Производството е ограничено и ќе трае од февруари до април 2026 година.














