ПРЕМИЕРА: Fiat го објави новиот хибриден Fiat 500 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Fiat го објави новиот хибриден Fiat 500

Моделот го добива изгледот на електричниот 500е, но овој пат со мотор со внатрешно согорување.

Погонот на новиот 500 комбинира 1-литарски трицилиндричен мотор со 65 коњски сили, мала литиум‑јонска батерија и мануелен менувач со 6 брзини. Колку освежувачки олд-скул!

Максималната брзина изнесува 155 км/час додека забрзувањето од 0 до 100км/час трае лежерни (и реално, во градски услови – неважни) 16 секунди. Комбинираната потрошувачка на 100 километри според WLTP стандардот изнесува импресивни 4,5 литри.

Fiat 500 Hybrid ќе биде достапен како хечбек и кабриолет и ќе се продава паралелно со целосно електричниот 500e. Покрај нивоата на опременост Icon и La Prima, ќе биде понудена и специјалната Torino изведба која ќе биде достапна исклучиво во хечбек варијанта.​


Icon нивото добива 16‑инчи фелни, целосни LED фарови, двобојна внатрешност, екран на допир од 10,25‑инчи, автоматски клима уред, безжичен CarPlay/Android Auto и задни паркинг сензори.​

Lа Prima верзијата има 17‑инчни тркала, затемнети стакла, стаклен покрив, греени седишта, задна камера и навигација. Torino изведбата има посебни ознаки, специјални седишта, LED фарови, автоматска клима и задни паркинг сензори. Производството е веќе започнато ​во фабриката на Fiat во Торино.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!