Германците агресивно го најавуваат новиот електричен ID.EVERY1.
Според првичните информаци, ID.EVERY1 ќе биде опремен со електричен мотор со моќност од околу 150 коњски сили и батерија со капацитет од 45 kWh. Автомобилот ќе ја користи платформата MEB (Modular Electric Drive Matrix), која Volkswagen веќе успешно ја имплементира во своите електрични модели.
Како што веќе еднаш објавивме, ID.EVERY1 би требало да биде достапен на пазарот до 2027 година, со почетна цена од околу 20.000 евра. Оваа агресивна ценовна стратегија има за цел да го направи електричното возење достапно за пошироката популација и да ги привлече купувачите кои се во потрага по економски исплатлив електричен автомобил.
Овој модел е јасен показател дека иднината на автомобилската индустрија е во електрификацијата и дека Volkswagen се крајно решени да бидат конкурентни во таа област.









