Според Times, организацијата за проверка и тестирање на безбедноста на автомобилите веќе испратила дојава до производителите дека ќе мораат да вклучат физички контроли за да добијат максимална оцена.
„Прекумерното користење на екрани на допир е проблем распространет низ целата индустрија и скоро секој производител ги преместува клучните контроли на централните екрани“ – изјави Matthew Avery, директорот за стратешки развој на Euro NCAP за Times, и додаде – „а тоа ги обврзува возачите да го тргнат погледот од патот и го зголемува ризикот за незгоди предизвикани од невнимание“.
Според Times, за да се добијат максимални 5 ѕвездички на Euro NCAP, возилата ќе мораат да имаат физички копчиња, прекинувачи и останати контроли за трепкачите, четирите трепкачи, бришачите на ветробранското стакло, системот за SOS повик и свирката. Ние би додале дека треба да се отиде чекор понатаму и да се бараат физички контроли за одредени функционалности на аудио-уредот и за клима-уредот.
Пример кој го истакнуваат е оној на Tesla – производителот ги отстрани скоро сите физички контроли и ги „закопа“ функционалностите во неколку слоеви на менија во средишниот екран на допир. Интересно е дека Euro NCAP не останува само на овие правила, туку Avery доде за Verge дека „Сè уште се работи на ова, сè уште не е финализирана процедурата за евалуација.“
Значи има надеж!
Фото: Vladimir Srajber / Pexels






