Maserati го претстави новиот GranCabrio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati го претстави новиот GranCabrio

Кабриолет верзијата на GranTurismo Trofeo има отворен покрив и 542 коњски сили.

Времето кое му е потребно на автомобилот да го отвори или затвори покривот изнесува 13,9 односно 14,1 секунди и може да се направи додека истиот се движи со брзина до 50 км/ч. За разлика од повеќето меки покриви кои се нудат исклучиво во црна боја, Maserati нуди повеќе варијанти вклучувајќи сина, темно црвена, црна и две нијанси на сива и истите се комбинираат со шест надворешни бои.

GranCabrio како и својот брат Trofeo има 542 коњски сили кои ги добива од 3-литарскиот V6 со двоен турбо полнач, придвижувајќи ги сите четири тркала преку осумстепен менувач. Разликата е во тоа што кабриолетот е потежок за 100 кг, со што перформансите се намалуваат за нијанса. Но, и покрај тоа, станува збор за сериозно брза машина на која и се потребни само 3,6 секунди за да достигне брзина од 100 км/час.

Внатрешниот распоред останува ист. Тој вклучува централен инфозабавен екран од 12,3 инчи кој се спојува со 8,8-инчен екран посветен на дигиталниот клима уред и 12,2-инчен дисплеј поставен пред возачот. Вклучен е и мултимедијалниот систем Maserati Intelligent Assist кој користи Andriod Auto но не и Apple CarPlay конекција. Возилото стандардно доаѓа со уред за загревање на вратот за патниците на предните седишта, а дополнително има опционален затворач за ветер што рачно се поставува зад предните седишта.

На почетокот, Maserati GranCabrio за 2024 година ќе биде достапен само во нивото на опременост Trofeo, а цените и останатите детали ќе бидат објавени на лето.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!