Manhart MH2 560 кој е базиран на BMW M2 има… Погодувате – 560 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart MH2 560 кој е базиран на BMW M2 има… Погодувате – 560 коњски сили!

Првата фаза од новиот комплет MH2 560 на Manhart додава карбонска каросерија, поголеми тркала и драстично зголемена моќност.

Благодарение на контролната единица MHtronic на Manhart, модифицираниот 3-литарскиот твин-турбо M2 сега произведува 560 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, надминувајќи ги фабричките спецификации на поголемите M3 и M4.

MH2 560 изгледа визуелно посуптилно во споредба со рендерите кои тјунерот ги објави ланската година. Напред преовладуваат карбонските детали на решетката, на доводите на браникот и на отворите од хаубата. Во зависност од желбата на сопственикот, достапни се и алуминиумски тркала со сјајен финиш и димензии од 20 и 21 инчи.

Карбонските делови продолжуваат и во задниот дел со истакнатиот карбонски спојлер и дифузер. Дифузерот има четири мат црни издувни цевки од 100 мм кои се дел од надградениот издувен систем. За крај, како дополнителна визуелна каросериска модификација, достапни се мат налепници.

Од Manhart најавија и втора фаза со поекстремни модификации, но не објавија подетални информации кога би се појавила и што би опфаќала истата.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!