BMW ги покажа новите Серии 5 и i5 Touring – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ги покажа новите Серии 5 и i5 Touring

Пристигнува шестата генерација на караван изведбата од Серијата 5, која за прв пат носи и електрифицирана верзија.

Оваа целосно нова генерација на BMW 5 Touring ги презема технологиите и карактеристиките од новата салонска изведба од серијата 5, но ги пакува во попрактична „фамилијарна” каросерија.

Најголемиот адут на караванот во однос на салонот е секако поголемиот багажен простор. Тој изнесува 570 литри со нормално поставени задни седишта, односно 1700 литри со спуштени седишта. Тоа сепак не се бројки со кои може да се пофали пред конкурентниот Mercedes E-Class Estate, кој нуди 615 литри и 1830 литри, соодветно. Но, главната предност на BMW во однос на Mercedes е тоа што вторите моментално немаат понуда на целосно електрифициран караван, како во случајот со i5 Touring.

BMW i5 Touring е достапен во две погонски варијанти. Првата опција eDrive40 има еден електричен мотор со 334 коњски сили и батерии од 81,2 kWh, а втората M60 има два електрични мотори со моќност до 592 коњски сили. Опсегот на возење кај првиот модел се движи од 480 до 560 километри, додека вториот во идеални услови може да извози максимални 505 километри.

BMW објави дека за понатаму е планирана и плаг-ин хибрид варијанта 530e која ќе има 2-литарски четири цилиндричен бензинец со турбо полнач и електричен мотор, кој ќе може да помине околу 90 километри со едно полнење. Моделите со мотори со внатрешно согорување како и електричниот i5 ќе се појават во мај годинава а цените ќе бидат откриени подоцна.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!