Пристигна новиот MINI Countryman – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот MINI Countryman

Во салонот на BMW и MINI пристигна новиот Countryman – новиот кросовер кој воведува сосем поинаков пристап кај автомобилите на британско-германскиот бренд.

Кај новиот Countryman дебитира новиот Charismatic Simplicity дизајнерски јазик на Mini па веднаш се забележува дека доминираат правоаголните форми и правите линии – има значително помалку закривени површини, а новиот лик има нова осмоаголна маска и нови, редизајниран предни светла. Сето ова му дава поагресивен и поробустен лик. Профилот е јасен и доминирачки, со нагласени крила и големи тркала.

На задниот дел вниманието одат кон тенките Matrix LED задни светла кои ја имаат графиката од британското знаме, но препознаваме и понагласен заден спојлер. Исто како кај новиот Cooper, ниту кај Countryman нема хромирани детали.

Во кабината препознаваме ретро детали, но целиот пристап е изразено футуристички – тука е централно-поставениот панел за инструменти, но сега е целосно дигитален.

Кружниот OLED екран е единствениот дисплеј, а околу него се поставени отворите за вентилација и малкуте физички контроли кои се во кабината. Секако, Countryman добива детален хед-ап дисплеј и други супер-напредни технологии кои се очекуваат во денешните автомобили.

На нашиот пазар новиот Countryman се нуди со 1.5-литарски турбо-бензинец со 170 коњски сили и погон на предните тркала, или пак со 2-литарски турбо-бензинец со 218 коњски сили и погон на сите четири тркала. Цените започнуваат од 39.910 Евра. За повеќе информации, посетете го салонот на BMW и MINI во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.