Ford ја претстави третата генерација Transit Connect – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ја претстави третата генерација Transit Connect

Најновиот член на семејството Transit добива plug-in хибридна моќност, кабина со двоен екран и паметни задни седишта.

Новиот Ford Transit Connect нуди повеќе товарен простор од неговиот претходник. Кај стандардниот модел тој изнесува до 3,1 кубни метри, додека верзијата со продолжено меѓуоскино растојание ja зголемува бројката до 3,7 кубни метри. Од друга страна, патничкиот Transit Connect Kombi со пет седишта добива уникатен флексибилен механизам за седење и товарен простор помеѓу 2,5 и 3,1 кубни метри, зависно од верзијата.

Врвниот плагин хибриден Transit Connect користи 1,5-литарски EcoBoost бензински мотор и еден електричен мотор кои заедно развиваат 148 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Електричниот мотор сам по себе може да испорача 330 Nm вртежен момент и опсег на возење до 109 км. Transit Connect PHEV исто така е способен за брзо полнење до 50 kW – реткост кај кој било plug-in хибрид, а уште помалку кај комби возило.

Обичниот Transit Connect користи 2-литарски EcoBlue турбо дизел кој во двете варијанти произведува 101, односно 120 коњски сили. Првата верзија има погон исклучиво на предните тркала со шест-брзински мануелен менувач, додека помоќната верзија може да се има со погон на сите тркала и опционален седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Во кабината сега има два нови екрани. 10-инчен дигитален инструмент екран и 10-инчен централен екран на допир кој функционира со Apple CarPlay и Android Auto. Допоплнително се додадени две USB-C порти за полнење со моќност до 45W.

Производството на новиот бензински Ford Transit Connect ќе започне оваа пролет, а набргу потоа ќе пристигнат првите дизел примероци. Transit Connect PHEV ќе се приклучи на гамата пред крајот на годината, а потоа ќе следат и моделите со погон на сите тркала.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!