Mazda го продолжува развојот на ротациони мотори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda го продолжува развојот на ротациони мотори

По речиси шест години пауза, одделот RE Development Group на Mazda повторно е активен.

Групата за развој на ротациони мотори (RE) е вратена во oдделот за развој на технологија за погонски агрегати на Mazda. Новата група ќе продолжи да ги развива ротационите мотори кои се користат како генератори и ќе спроведe истражување и развој во повеќе области на различни пазари.

Коментирајќи го овој потег, главниот директор за технологија Ичиро Хиросе рече: „Во историјата на Mazda, ротациониот мотор е посебен симбол на нашиот предизвикувачки дух. Ние сме благодарни на сите оние кои го поддржаа RE до денес, и со задоволство го објавуваме повторното раѓање на организацијата која ги развива тие мотори. Во последните шест години, инженерите на RE беа дел од развојот на најсовремените функции на моторот со внатрешно согорување и помогнаа во подобрувањето на неговата ефикасност. Овој пат, 36 инженери ќе се соберат за да направат пробив во истражувањето и развојот на ротационите мотори. Во ерата на електрификација и во јаглерод- неутрално општество, ветуваме дека ќе продолжиме да испорачуваме атрактивни автомобили кои ги возбудуваат клиентите со нашиот предизвикувачки дух“.

Ротациониот мотор е мотор со уникатна структура што генерира енергија со ротирање на триаголен ротор. Mazda беше првата компанија што инсталираше ваков тип на мотор во моделот Cosmo Sport во 1967 година. Во јуни 2023 година, компанијата го продолжи масовното производство на возила со ротациони мотори за прв пат по приближно. Во моментов, Mazda MX-30 e-SKYACTIV R-EV е 12-тиот модел кој користи ротационен мотор и се нуди на пазарите во Јапонија и Европа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!