Volvo EX30 добива Sport и Outland изданија од холандскиот тјунер Everlast – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo EX30 добива Sport и Outland изданија од холандскиот тјунер Everlast

Малиот теренец на Volvo со целосно електричен погон е суптилно надграден со визуелни модификации и нови тркала

Најмалата електрифицирана понуда на Volvo – EX30 добивa два различни третмани од новиот тјунер со седиште во Холандија. Проектите Sport и Outland беа водени од познатиот автомобилски дизајнер Нилс Ван Рој, кој е воедно и косопственик на Everlast.

Volvo EX30 Sport Edition користи суптилно модифицирање на каросеријата со акцентирање на различни бои и стикери. Најголемата визуелна промена е видлива преку спуштената суспензија и 21-инчните алуминиумски тркала кои се достапни со четири или шест краци.

Од друга страна, алтернативниот Volvo EX30 Outland доаѓа со авантуристички изглед и повеќе потсеќа на фабричкиот EX30 Cross Country. Пакетот содржи мат црни налепници на хаубата и предниот браник, зелени каросериски стикери и 19-инчни тркала со четири краци на кои се монтирани гуми за сите терени.

EX30 е достапен во две погонски варијанти. Првата е со единечен електричен мотор и моќност од 268 коњски сили и помоќната со двоен мотор кој произведува 422 коњски сили. На втората верзија и се потребни само 3.6 секунди за забрзувње од 0 до 100км/ч, а благодарение на батеријата од 69 kWh максималниот опсег на возење изнесува 460 км.

Според официјалната веб-страница на Everlast, тјунинг пакетите Sport и Outland се веќе достапни во Европа и се со идентична цена од 9.540 евра.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!