Фејслифтираниот Kia Sorento дебитираше на саемот во Лос Анџелес – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фејслифтираниот Kia Sorento дебитираше на саемот во Лос Анџелес

Освежениот теренец со седум седишта добива современ изглед и подобрена технологија.

Надворешните промени на новиот Sorento се главно акцентирани на модерниот третман на светлосните групи, преземајќи го дизајн јазикот од новиот EV9. Дневните LED светла се сега значително подоминантни a фаровите се потенки и помалку наметливи. Предната решетка делува подинамично, додека профилот на браникот е видливо зголемен. Задните промени се посуптилни, со доминација на минималистичките стоп светла.

Во внатрешноста повторно се приметува мотивот на големиот EV9, но и на помалиот Sportage. Лесно впечатлив е панорамскиот 12.3-инчен дисплеј кој го содржи најновиот оперативен систем на Kia. Распоредот со три реда и со седум седишта внатре останува ист како претходно.

Гамата на хибридни мотори продолжува со 1,6-литарскиот стандарден хибрид (226 КС) и плагин хибрид (261 КС) со батерија од 13,8 kWh. Единствено е непознато дали во Европа ќе опстои дизел опцијата на претходникот.

Новиот модел се очекува да пристигне во продажните салони кон средината на следната година, а почетните цени во Европа се очекува да започнуваат околу 45.000 евра, во зависност од локалните давачки.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!