Opel има нов Blitz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel има нов Blitz!

Според Opel, новиот Blitz е икона за филозофијата на брендот која ја симболизира посветеноста кон демократизацијата на иновациите и мобилноста, но и ја претставува посветеноста кон трансформацијата кон целосно-електричен бренд.

Новиот Blitz ќе се појави на новите модели веќе во 2024 година. Blitz и понатаму ќе биде централен елемент на Opel компасот, една од главните карактеристики на Rüsselsheim. Се заснова на возбудливата и посебна дизајнерска филозофија на производителот на автомобили, додека истовремено продолжува гордо да биде централно позиционитан на Opel Vizor. „Гром“ или „Blitz“ на германски е тесно поврзан со електричната енергија и истовремено е идеален амблем за симболизирање на пристапот на Opel, кон ерата на електромобилноста.

„Нашиот „Blitz“ е поактуелен од кога било досега. Тоа не само што ја симболизира нашата посветеност на демократизацијата на иновациите и мобилноста, туку ја претставува и нашата посветеност кон трансфромацијата, кон целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Оваа година, во нашето портфолио, веќе ќе имаме 15 електрифицирани модели и со гордост можеме да кажеме дека Opel се развива во електричен бренд“ – изјави Извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

„Blitz“ е икона за нашата филозофија, за смелост и елеганција. Изострениот, самоуверен нов „Blitz“ го вкрстува елегантниот потпорен прстен, давајќи му на нашиот исконски амблем прогресивен и модерен изглед. Добро е познато дека компасот е столбот на нашите предени, задни и внатрешни дизајнерски елементи“ – изјави Mark Adams, потпретседателот за дизајн.

Во наредните години, Opel постепено ќе го аплицира новото „Blitz“ лого низ своето портфолио на производи. Првиот модел во 2024 година кој ќе има свое сериско производство ќе го носи и новиот Blitz.

Поврзано:   Официјално ги доделивме наградите Златно Тркало за 2024

Извршниот директор на Opel – Florian Huettl – најави дека новиот амблем ќе биде претставен уште оваа година: „IAA Mobility е еден од најголемите саеми за автомобили во светот. Затоа за нас претставува совршена локација, пред масовната меѓународна публика, гордо да го претставиме нашето ново лого „Blitz“. Понатаму, планираме и изненадување… Посетителите ќе бидат воодушевени на нашето присуство во Минхен“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.