Toyota ја објави новата стратегија за електрификација – најавуваат 10 нови електрични возила до 2026! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota ја објави новата стратегија за електрификација – најавуваат 10 нови електрични возила до 2026!

Новиот претседател на Toyota – Koji Sato – ја објави новата стратегија на јапонскиот гигант – Toyota и понатаму ќе нуди возила со различни погони, но ќе посвети многу повеќе внимание на развој на електрични возила.

За време на свето излагање, Koji Sato најави дека Toyota ќе лансира дури 10 нови електрични возила до 2026. Според Sato, ова е со цел значително да се прошири понудата на возила со нулта емисија на штетни гасови на Toyota. Со воведувањето на новите електрични возила, амбициите на Toyota се да продаваат по 1.5 милиони електрични возила годишно веќе од 2026.

На истата презентација свое излагање имаше и Hiroki Nakajima, извршниот заменик претседател на Toyota кој зборуваше за следната генерација на електрични возила на јапонскиот гигант кои ќе пристигнат по 2026. Тој најави дека овие модели ќе се разликуваат значително од постоечките кои во моментов се нудат врвна комбинација меѓу ефикасност и возбудливи возачки карактеристики. Според него, следната генерација електрични возила ќе имаат „двојно поголема автономија преку користење на батерии со значително подобра ефикасност“. Истовремено, вети дека дизајните и перформансите ќе бидат навистина импресивни.

Како најава за овие возила на презентацијата беше претставена скица од Lexus кој би требало да пристигне во следните години. За остварување на овие планови ќе биде задолжена нова група во рамките на Toyota која ќе биде водена од „единствен водач со целосен авторитет“. Оваа група ќе биде задолжена за сите аспекти на развојот, дизајнот и производството на електричните возила, како и за сите деловни операции поврзани со нив.

Секако, Toyota не се откажува од хибридните возила на кои ќе работи уште позасилено, за да ги направи уште поефикасни и подостапни. Ќе се зголеми бројката на плаг-ин хибридни модели, а и понатаму ќе се работи на развој на водородни и други алтернативни погони. Toyota сака да биде целосно неутрална во однос на емисиите на јаглерод до 2050.

Поврзано:   Mazda, Toyota и Subaru ги здружуваат силите во развивање на нови хибридни мотори

На самиот крај, се обрати и и Yoichi Miyazaki, кој исто така е на позиција на извршен заменик претседател во Toyota. Тој најави дека Toyota ќе има засебни насоки за секој регион. Во Европа, фокусот ќе биде кон стајлингот и возачките перформанси, додека во Кина главниот фокус ќе биде кон електрификацијата. На домашниот, јапонски пазар Toyota ќе се концентрира кон развивање компактни возила и миниванови, додека во Северна Америка фокусот ќе биде кон големи SUV модели и пикап возила. На глобално ниво за јужните региони фокусот ќе биде кон квалитет, доверливост и достапност. Со фокусирање на специфични цели за секој регион, Toyota ќе се посвети кон развој на возила кои ќе ги задоволат потребите на различните купувачи.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.