Jeep го освежи незаменливиот Wrangler – добива дискретно изменет лик, надградена кабина и уште подобри теренски способности – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep го освежи незаменливиот Wrangler – добива дискретно изменет лик, надградена кабина и уште подобри теренски способности

Иако измените се однесуваат воглавно на Wranger наменет за Соединетите Американски Држави, од Jeep навестуваат дека слични освежувања наскоро ќе добие и европскиот Wrangler.

Освежениот Wrangler ќе го препознаете по редизајнираната маска на ладилникот која сега има пониски, нијанса пошироки и поисправени вертикални отвори. За чудо, за многумина новата маска е контроверзна, но ние не разбираме точно зошто – во нашите очи, изгледа современо и привлечно. Дополнително, од Jeep кажуваат дека редизајнираната маска дозволува подобар проток на воздух и подобро ладење. Освежениот Wrangler добива и нови тркала со дијаметар од 17 до 20 инчи, како и некои нови опции за бои.

Кабината добива нов 12.3-инчен инфозабавен систем базиран на Uconnect 5 системот на Stellantis, кој пак е базиран на Android. Од Jeep кажуваат дека новиот Wrangler добива Trails Offroad функционалност со засебен асистент кој помага при теренско возење.

Системот всушнсот нуди сеопфатен начин за планирање теренски патувања и дури 62 различни Jeep Badge of Honor теренски патеки за посетување (во САД, секако). Trails Offroad системот нуди преку 3000 различни водичи за теренско истражување и нуди нивно рангирање, но и опис, насоки за возење, итн.

Секако, теренското возење е местото каде Jeep Wrangler се чувствува како дома. Со освежувањето Jeep воведува и дополнителни технологии за теренско возење – како на пример Dana 44 Full Float оски и други додатоци и модификации. Понудата на погонски опции останува неизменета, но повторно – тоа се однесува на Wrangler во САД. Во Европа, Wrangler се нуди само со одличниот 4xe плаг-ин хибриден погон и не очекуваме дека тоа ќе се смени со освежувањето.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Wagoneer S е најбрзиот Jeep досега!

Повеќе информации за освежувањето на европскиот Wrangler ќе добиеме во текот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.