Porsche најави неколку електрични модели и потврди дека целосно-електричниот Cayenne пристигнува во 2026 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche најави неколку електрични модели и потврди дека целосно-електричниот Cayenne пристигнува во 2026

Покрај електричниот Cayenne, Porsche најави дека во следните неколку години ќе пристигне и електрично спортско купе, но најавија и нов супер-ексклузивен SUV кој ќе се натпреварува на сосем друго ниво.

Германскиот производител ја интензивира електрификацијата и има амбиции 80% од продадените возила до 2030 да бидат целосно електрични. Во таа насока потврдија дека првиот електричен модел кој ќе пристигне ќе биде електричниот Macan кој ќе биде лансиран во 2024. Електричниот Macan ќе се нуди покрај постоечкиот со мотор со внатрешно согорување и ќе биде поставен на целосно нова PPE платформа наменета за електрични возила.

Понатаму, Porsche најави и нов мал спортски автомобил кој ќе ги замени 718 Boxster и Cayman. Според најавеното, малиот спортски автомобил ќе биде базиран на Mission R концептот кој го видовме пред две години, а би требало да пристигне на пазарот „кон средина на декадата“ – односно во 2025.

Потоа, во 2026 ќе пристигне и целосно-електричниот Cayenne. Новиот Cayenne ќе ја дели платформата со електричниот Macan и исто како и Macan ќе се нуди заедно со конвенционалениот Cayenne (кој оваа година ќе добие значително визуелно и технолошко освежување). Сега за сега немаме технички информации околу електричниот Cayenne, но знаеме дека ќе се нуди во форма на конвенционален SUV но и во форма на купе. Стандардно ќе доаѓа со два електромотори и погон на сите четири тркала.

На самиот крај, Porsche потврди дека планира да развие уште еден SUV кој во хиерархијата на брендот ќе биде поставен над Cayenne. Внатрешното, кодно име на овој проект е K1, а според Porsche ќе биде наменет за креирање на високо-профитабилни специјални изведби под капата на Porsche Sonderwunsch дивизијата.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави целосно-новиот, целосно-електричен Macan!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.