ВИДЕО: Peugeot го најавува освежениот 508 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Peugeot го најавува освежениот 508

Peugeot се подготвува за само два дена да го претстави освежениот 508 и го најавува со кратко видео на кое ги потенцира спортските гени.

Францускиот производител се подготвува да ни го покаже освежениот 508, но и освежената верзија на спортскиот плаг-ин хибриден 508 Peugeot Sport Engineered (PSE). Сега за сега не објавуваат многу детали и можеме само накратко да видиме за што се работи – но можеме да очекуваме редизајнирана маска која гордо ќе го носи новото лого на Peugeot, а можеме да очекуваме и редизајнирани предни и задни светла со нова графика, нови редизајнирани тркала и нови отвори за воздух. Секако, можеме да претпоставиме дека 508 ќе ја добие најновата итерација на i-Cockpit системот која неодамна дебитираше кај новиот 408, а и нови технолошки решенија во однос на достапните погонски единици.

Премиерата на освежениот 508 е закажана за 24-ти Февруари, односно за само два дена – па останува да почекаме уште малку за да видиме какви новитети ќе донесе знаменосецот на Peugeot.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.