Минатата година беше одлична за Ferrari, вработените ќе добијат огромни бонуси! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Минатата година беше одлична за Ferrari, вработените ќе добијат огромни бонуси!

Ferrari минатата година испорача 13.221 возило, скоро 20% повеќе од 2021 – но успеа и да го зголеми профитот за 13 проценти!

2022 беше одлична за Ferrari – италијанскиот бренд минатата година испорачал 13.221 возило. Тоа можеби не звучи како многу, но всушност тоа е нов рекорд за Ferrari и тоа се 19% повеќе испорачани возила во однос на 2021.

Истовремено, Ferrari го зголеми профитот за 2022 за 13 проценти. „Минатата година заврши со одлични финансиски резултати кои ги надминаа нашите очекувања и поставија нови рекорди низ сите метрики. Имавме профит од 93 милиони Евра и генериравме оптек на слободни пари во износ од 758 милиони Евра.“ – изјави Benedetto Vigna од Ferrari и додаде – „Овие бројки се основа за уште посилна 2023, бидејќи ширум светот не опаѓа побарувачката за нашите возила. И покрај комплексното глоблано макросценарио, гледаме нанапред со многу самодоверба, охрабрени од знаците и успесите на еволуирачки Ferrari“.

Минатата година, најголеми пазари за Ferrari биле Европа, Средниот Исток и Африка, со вкупно 5958 продадени возила. Понатаму, во Америките се продадени 3447 возила (22% повеќе во однос на 2021) а потоа следат Кина, Хонг Конг и Тајван со 1552 возила – дури 73% повеќе во однос на 2021. 2264 возила се продадени во регионот на Пацификот, каде продажбата е зголемена за 17%.

Сето ова резултира со интересни планови за годинава, но и големи бонуси за вработените. Откако Mercedes-Benz најави дека ќе им подели бонуси во висина од 7.300 Евра на вработените во Германија, главниот извршен директор на Ferrari, Benedetto Vigna изјави дека вработените на Ferrari ќе добијат бонуси во висина до 13.500 Евра – цели 12.5% повеќе во однос на минатата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.