Mercedes-Benz ќе им даде бонус од 7.300 Евра на вработените во Германија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ќе им даде бонус од 7.300 Евра на вработените во Германија

Повеќе од 25 години, Mercedes-Benz дели дел од профитот со вработените во Германија и оваа година околу 93.000 вработени во Германија ќе добијат бонус од 7.300 Евра!

Минатата година околу 100.000 вработени на Mercedes-Benz во Германија добија по дополнителни 6.000 Евра како „знак на почит“ по профитабилната 2021 година. По одличните перформанси во 2022 (Криза? Каква криза?) Mercedes-Benz гордо објави дека оваа година ќе им подели бонус на вработените.

Бонусот кој ќе биде доделен оваа година е рекорден и изнесува 7.300 Евра по вработен. Бонусот ќе биде даден на околу 93.000 работници на Mercedes-Benz во Германија заедно со платата за Април.

Заедно постигнавме многу во 2022. Покрај предизвиците со кои се соочивме, нашиот Mercedes-Benz тим направи дополнителен голем чекор кон трансформацијата на нашата компанија. Како знак на препознавање на овие перфоманси, со Советот се согласивме дека ќе исплатиме специјален бонус од 7.300 Евра оваа година. Сумата е значително над минатиот максимум, а со најголемиот бонус во историјата на компанијата сакаме да ја изразиме нашата благодарност за исклучителната посветеност и личната заложба на нашите колеги“ – изјави Sabine Kohleisen од Mercedes-Benz.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.