full screen background image
Search

Мало зголемување на цените – горивата поскапуваат за денар, односно денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе претрпат мало зголемување.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.34%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 80.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 82.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.00 денари и еден литар дизел ќе чини 81.50 денари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.