Jeep Avenger е Европски Автомобил на Годината за 2023! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep Avenger е Европски Автомобил на Годината за 2023!

Новиот и најмал член на семејството Jeep е изгласан за Европски Автомобил на Годината на јубилејното, 60-то издание на изборот.

Пред само неколку моменти, жирито кое го одбира Европскиот Автомобил на Годината објави дека токму Jeep Avenger е новиот носител на титулата. За прв пат победникот беше објавен на Бриселското Интернационално Мотор Шоу, а ова е јубилејно, 60-то издание на Изборот за Европски Автомобил на Годината.

Жирито брои 57 членови од 22 европски земји, a Avenger освои 328 поени и дури 21 глас за најдобар автомоби од членовите. Ова е прв пат Jeep да ја освои титулата.

На второто место се најде Volkswagen ID.Buzz кој освои 241 поен и 16 гласови за „Best“, а на третото место се најде Nissan Ariya со 211 поен. На четвртото место се најде Kia Niro со 200 поени, на петтото место Renault Austral со 163 поени, на шесттото место новиот Peugeot 408 со 149 поени и на последното место се најде Toyota bZ4X со 133 поени.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.