Во салонот на Kia пристигна освежениот Xceed! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Kia пристигна освежениот Xceed!

Во салонот на Киа Македонија пристигна освежениот Xceed и со тоа на едно место може да се погледне целото семејство на Ceed модели.

Со освежувањето, Xceed добива изменети предни и задни браници, редизјанирани предни и задни светлосни групи, како и заден дифузер и големи 18-инчни тркала.

Интересно, за прв пат Xceed добива и GT-Line изведба со уште подинамични браници со поголеми отвори за воздух, како и потенка предна решетка. Токму таков примерок можете да погледнете на нашите фотографии.

Xceed GT-Line пристигнува само со 1.6-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент, кој кај Ceed и Proceed се добива само кај врвните GT изведби. Секако, во понудата останува и одличниот 1.5-литарски T-GDI со 160 коњски сили кој неодамна го возевме во Ceed GT-Line.

Кабината нема претрпено преголеми измени, но Xceed GT Line добива поспортски GT-Line седишта, а сите верзии ја добиваат најновата генерација на Kia Connect со целосна Android Auto и Apple CarPlay интеграција. Технолошкото освежување носи и USB-C приклучоци на прединте и задните седишта, а оние кои сакаат целосно-дигитални инструменти можат да нарачаат 12.3-инчен дигитален дисплеј пред возачот.

За повеќе информации околу новиот Xceed, како и цените и достапните погони посетете ја официјалната веб страница на Киа Македонија, или пак салонот на Киа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.