Од вечерва на полноќ повторно ќе се намалат цените на горивата – дизелот и 98-октанскиот бензин за денар и половина, 95-октанскиот бензин за еден денар.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски најави дека од вечерва на полноќ повторно ќе се намалат цените на горивата. Еуродизелот и 98-октанскиот бензин поевтинуваат за денар и половина, додека 95-октанскиот бензин поевтинува за еден денар.
Тоа значи дека од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.5 денари а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.00 денари. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ исто така ќе чини 78.00 денари.