Со новиот C-HR Prologue, Toyota го најавува наследникот на супер-популарниот кросовер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со новиот C-HR Prologue, Toyota го најавува наследникот на супер-популарниот кросовер

Концептот ја најавува втората генерација на C-HR која ќе биде достапна со хибридни и плаг-ин хибридни погони.

Верувале или не, тековниот C-HR е на пазарот од 2016, па Toyota активно се подготвува за неговиот наследник. Супер-популарниот C-HR најде многу фанови и купувачи (а ние го имавме на долгорочно тримесечно тестирање), па Toyota одлучи да го примени истиот пристап и кај втората генерација. Тоа значи дека и втората генерација ќе го добие несекојдневниот дизајнерски пристап на првата генерација, а задолжени за придвижување ќе бидат хибридни и плаг-ин хибридни погони.

Концептот кој Toyota го нарекува C-HR Prologue е најава за втората генерација. Познавачите кажуваат дека серискиот модел кој ќе пристигне во 2023 нема да биде премногу различен од концептот – а судејќи по новиот Prius, немаме никаква причина да се сомневаме во тоа.

Сега за сега немаме никакви технички податоци околу новиот кросовер, но очекуваме да биде поставен на TNGA-C платформата која веќе се користи за Corolla Cross и новиот Prius. Toyota потврди дека новиот C-HR ќе биде достапен со хибриден или плаг-ин хибриден погон, па очекуваме тоа да биде некаква варијанта на хибридниот погон кај Corolla Cross кој има 197 коњски сили, како и плаг-ин хибридниот погон кој дебитираше кај Prius кој има 223 коњски сили

Toyota потврди дека новиот C-HR ќе биде лансиран во 2023, а тоа значи дека наскоро ќе имаме повеќе информации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.