ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави радикалниот нов Prius! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави радикалниот нов Prius!

Петтата генерација на најпознатиот хибриден модел во историјата прави радикален исчекор – во Европа ќе се нуди само како плаг-ин хибрид со 223 коњски сили!

Ако минатата генерација трпеше критики по основ на дизајнот, новиот Prius навистина импресионира – новиот плаг-ин хибриден суперхерој на Toyota изгледа футуристички, остро и купеовски. Предниот дел е низок и остар, профилот е чист и купеовски (и дури и рачките од задните врати се скриени) а задниот дел го дефинира едноделен светлосен елемент. Целата силуета е навистина изненадувачки ниска и спортска – нешто што не би очекувале да го кажеме за Prius. Интересно е што новиот Prius има за 50 милиметри подолго меѓуоскино растојание од моделот кој го заменува, но е 46 милиметри пократок.

Новиот Prius е поставен на втората генерација на GA-C платформата од TNGA архитектурата на Toyota и ги добива сите придобивки кои оваа платформа ги нуди. Погонот комбинира 2-литарски атмосферски бензинец со електромотор и батерија, за вкупна системска моќност од 223 коњски сили. Бензинецот испорачува 148 коњски сили и се комбинира со 160-коњски електромотор за вкупно 223 коњски сили.

Целта на Toyota со новиот Prius е да овозможи поголемиот дел од секојдневното возење да биде на струја. Новата литиум-јонска батерија е со капацитет од 13.6 kWh и е доволно компактна да може да биде сместена под задните седишта. Дополнително, Prius може да се нарача и со соларни панели на кровот кои ќе ја користат сончевата енергија за да ја дополнуваат батеријата. Според Toyota, овој систем може на Prius да му овозможи да помине 1250 километри годишно на сончева енергија.

Кабината добива нов, огромен 12.3-инчен мултимедијален систем поставен на централната конзола, а под него има физички контроли за некои функционалности. Пред возачот има уште еден, помал дисплеј кој има дијагонала од 7 инчи, наменет да ги покаже најважните информации.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Освежениот Toyota GR Yaris е уште помоќен и уште побрз!

Новиот Prius ќе пристигне на пазарот на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.