Лимарско-фарбарскиот сервис на Еуроимпекс го прославува својот 15-ти роденден – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Лимарско-фарбарскиот сервис на Еуроимпекс го прославува својот 15-ти роденден

Од почетокот на работењето на лимаро-фарбарскиот центар до денес, професионалците во тимот се имаат погрижено за преку 12.000 возила. Сега откако Еуроимпекс е генерален увозник и за брендот Opel, се очекува бројот на задоволни клиенти да биде значително зголемен.

„Навистина импресивно и по малку носталгично звучат 15 години. Паметам кога го донесовме првото возило во работилницата и кога возбудата беше многу голема. Денес сме авторизиран лимаро-фарбарски центар за два реномирани автомобилски бренда, кои компанијата Еуроимпекс ги застапува Peugeot и Opel. Нашиот тим го сочинуваат 10 лица, врвни професионалци. Опремени сме со најсовремена технологија потребна за функционирање на еден врвен лимаро-фарбарски центар. Користиме авторепаратурни материјали од светски брендови, најнова опрема и секако оргинални резервни делови, кои подлежат под гаранција од принципалот Stellantis. Тоа се многу значајни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти.“ – изјави менаџерот на лимаро-фарбарскиот сектор, Александар Арнаудовски.

Долгогодишното искуство и постојаното вложување во практични и теоретски обуки на тимот, како и активното следење на трендовите и користењето на најнова опрема за мерење и поправка на геометријата на возилата и користењето на најнови материјали согласно ЕУ регулативите не остава простор за сомнеж дека работењето беспрекорно ќе се преточи и кон германскиот бренд Opel.

„Лимарискиот центар на Еуроимпекс го сочинуваат тим на професионалци на кои сме особено горди. Функцијата на тимот е високо-сензитивна, најчесто се работи со клиенти кои имале немил настан или биле сведоци на истиот. Нам пред сè ни е од голема важност да помогнеме во сите ситуации каде тоа е можно и да градиме односи на доверба. Обрнуваме посебно внимание на односот со нашите клиенти, а потоа возилото да го доведеме во беспрекорна состојба, како што било и претходно.“ – изјави извршниот директор на Еуроимпекс, Зоран Серафимовски.

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, на своите клиенти им ги нуди следните услуги:

  • авторепаратурна поправка на возила,
  • ситни козметички корекции на каросеријата,
  • поправка-Репарација на ветробрански стакла,
  • полирање на предни фарови и задни штопови на возила
  • комплетно полирање на цело возило со адекватна заштита…
Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот, голем E-5008!

Во моментов лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, за двата брендови Peugeot и Opel се наоѓа во просториите на Бул. Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје, во сервисниот центар Peugeot.

Извор: PR Еуроимпекс

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.