Во салонот на Jeep пристигна новиот хибриден Renegade e-Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Jeep пристигна новиот хибриден Renegade e-Hybrid

Jeep неодамна воведе самополнечки хибриден погон во понудата на Renegadе – и токму хибридниот Renegade пристигна во салонот на Jeep во Скопје!

Хибридниот систем кој се вградува во Renegade e-Hybrid е целосно нов – комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува 130 коњски сили и 240 Nm со електромотор и батерија. Бензинецот работи на Милеровиот циклус и има висока компресија – дури 12.5:1.

Дополнително, дел од погонот е и напреден систем за директно вбризгување на горивото под висок притисок. Електромоторорт испорачува дополнителни 20 коњски сили и 55 Nm вртежен момент – тоа звучи како да не е многу, но е доволно да го задвижи хибридниот SUV во „тргни-застани“ урбан сообраќај каде потрошувачката на бензин е најголема.

Силата се пренесува кон предните тркала преку 7-брзински автоматски менувач кој е специјално калибриран да го извлече максимумот од хибридниот погон. Дел од системот е и новиот приказ на работењето на хибридниот погон во централно-поставениот мултимедијален уред, но и системите за теренско возење кои се дел од понудата на Jeep. Оние кои сакаат погон на четири тркала ќе го најдат кај плаг-ин хибридниот Jeep Renegade 4xe.

Со електрификацијата на Renegade – кој патем е еден од најпопуларните модели на Jeep на европскиот пазар – американскиот бренд целосно ја електрифицира својата гама на европскиот пазар. Во понудата веќе можат да се најдат хибридни или плаг-ин хибридни изведби на сите модели кои Jeep ги нуди.

За повеќе информации околу хибридниот Renegade посетете ја официјалната веб-страница на Jeep, или пак салонот во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.