ПРЕМИЕРА: Citroën вели „доста е“, време е за лесни, едноставни и достапни возила – запознајте го Oli! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën вели „доста е“, време е за лесни, едноставни и достапни возила – запознајте го Oli!

Citroën ја сфаќа одржливоста навистина сериозно – и ја покажува посветеност кон неа преку новиот концепт кој се вика Oli.

Концептот Oli е првиот концепт на Citroën кој го носи новото лого на францускиот бренд. Идејата позади Oli е да покаже неколку различни (и важни) работи. Прво – го најавува дизајнерскиот јазик кој францускиот бренд ќе го прифати во иднина, а истовремено за прв пат го гледаме и новото лого поставено на автомобил. Покрај тоа, Oli ја потврдува посветеноста на Citroën кој одржливо користење на материјали, и токму затоа е изработен од рециклирани и лесно-рециклирачки материјали.

Истовремено, Oli (се изговара All-E) е своевидна лабораторија на тркала. Од Citroën кажуваат дека ова е поради разиграниот дизајн, но и неконвенционалниот пристап кон дизајнирање на каросеријата со вертикално предно ветробранско стакло, врати кои се отвораат наназад и навистина многу футуристички детали – како на пример тркалата кои се изработени од челик и алуминиум и се обвиени во Goodyear Eagle GO пневматици – кои би требало да траат дури 500.000 километри!

Да, Oli е електричен пикап – но многу внимание е посветено на намалување на тежината – па тежи само 1000 килограми. Благодарение на ова, троши само 10 kWh електрична енергија на 100 изминати километри и според естимациите на Citroën може да помине 400 километри со полни батерии, а максималната брзина е ограничена на 100 километри на час.

Истовремено, Citroën настапува прилично самоуверено со филозофијата позади Oli. Кажуваат дека „сега е вистинското време да се каже ‘доста е’ на трендовите за прекумерност и трошоци, и да се фокусираме на креирање чисти, едноставни и чесни возила кои се полесни, помалку комплицирани и навистина достапни – и истовремено се иновативни и полни со среќа“. Мораме да се согласиме!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross

Сето ова резултира со едноставност и одржливост – на пример, седиштата имаат 80% помалку делови од седиштата кај регуларните нови автомобили. Подот е изработен од полиуретан, а радио-уредот во внатрешноста користи Bluetooth звучници кои можете да ги земете со вас и да си слушате музика и надвор од автомобилот. Практични, иновативни и еколошки-ориентирани решенија!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.