Новото лого на Citroën ја најавува новата возбудлива, енергична и модерна ера која доаѓа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новото лого на Citroën ја најавува новата возбудлива, енергична и модерна ера која доаѓа!

Citroën денес ги претстави новиот свеж корпоративен идентитет и новото лого – кои најавуваат храбра, возбудлива и динамична нова ера за брендот кој е стар дури 103 години!

Според Citroën, новото лого и новиот корпоративен идентитет се во насока на забрзување на мисијата електричната мобилност да се приближи кон сите и истовремено ја пренесува сржта на Citroen – достапност, храброст и добросостојба на купувачите.

Новото лого е реинтерпретација на оригиналното лого од времето на André Citroën, инспирирано од успехот на неговата прва металопреработувачка компанија. Препознатливиот и технички „Deux Chevrons“ оттогаш е во срцето на идентитетот на Citroën. За прв пат поставено на автомобил, новото лого ќе го видиме на „значително концептно семејно возило“ кое Citroën планира наскоро да го претстави. Понатаму, новото лого ќе го најде своето место на сериски и концептни возила од средината на следната година. Дополнително, од Citroën кажуваат дека работат и на нов дизајнерски јазик кој ќе ја истакне новата значка за сите веднаш да знаат дека гледаат Citroën.

Покрај новото лого, се воведува и нов слоган за Citroën – „Nothing Moves Us Like Citroën.“ Од Citroën кажуваат дека овие новитети биле потребни пред „највозбудливото поглавје“ во историјата на брендот, со оглед на постепеното но неизбежно реориентирање кон електричните возила – според Dare Forward 2030 планот на Stellantis, сите патнички возила на концернот ќе бидат електрични до крајот на оваа декада – меѓу кои и оние на Citroën.

Новото лого, новиот слоган и новиот бренд-идентитет на Citroën се инспирирани од легендарните модели како 2CV и DS, додека препознатливата Monte Carlo Blue сина боја повторно ќе биде достапна кај автомобилите, но и кај бренд-идентитетот на продажните салони и корпоративните канцеларии. Дополнително, сегашната црвена боја која се користи во дигиталните комуникации, но и кај печатените и физички апликации ќе биде заменета со Infra-Red црвената боја.

Логото е дизајнирано од страна на дизајн-тимот на Citroën, а Vincept Cobee, извршниот директор на Citroën кажува дека тоа е „елегантен симбол на напредокот кон целосно-електрична иднина“.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.