Електричниот Peugeot e-208 добива помоќен мотор, помодерна батерија и зголемена автономија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Peugeot e-208 добива помоќен мотор, помодерна батерија и зголемена автономија

Електричниот Peugeot e-208 го добива погонот кој неодамна дебитираше кај e-308 – а тоа значи зголемена моќност и подобрена автономија!

е-208 е најмалиот електричен автомобил во понудата на Peugeot, но тоа не значи дека нема да ги добие најновите подобрувања на електричниот погон кој неодамна дебитираше кај електричниот е-308.

Што содржи погонското освежување за е-208? За почеток, тука е новиот електромотор кој сега испорачува 156 коњски сили и го заменува досегаѓниот електромотор кој испорачуваше 136 коњски сили. Обата мотори испорачуваат одлични 260 Nm вртежен момент „од нула“, но очекуваме новата конфигурација да е малку побрза од досегашната, која овозможува забрзување до 100 километри на час за 8.1 секунда.

Истовремено, подобрена е и автономијата. Според официјалните WLTP мерења, е-208 досега можеше да помине околу 360 километри со едно полнење на батериите, додека сега официјалните податоци зборуваат за автономија од одлични 400 километри – зголемување од одлични 38 километри. Ова се должи на новата, поефикасна батерија со капацитет од 51 kWh. Според Peugeot, ова се должи и на подобрената ефикасност на електромоторот кој троши само 12 kWh на 100 изминати километри.

Сето ова го прави електричниот e-208 уште попривлечен и еколошки поприфатлив!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.