ПРЕМИЕРА: Peugeot ги претстави целосно-електричните E-308 и Е-308 SW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Peugeot ги претстави целосно-електричните E-308 и Е-308 SW

Новите, целосно-електрични E-308 и E-308 SW добиваат нов електромотор кој испорачува 156 коњски сили и овозможува автономија од 400 километри со едно полнење на батериите.

Peugeot веќе го нуди новиот 308 со конвенционални турбо-бензински и турбо-дизел мотори, како и со две плаг-ин хибридни опции. Сепак, Peugeot не застана таму и денес ги објави деталите за целосно електричниот E-308, како и караванот E-308 SW. Всушност, со лансирањето на Е-308 SW, Peugeot ќе биде првиот европски производител кој на пазарот ќе понуди целосно-електричен караван.

Новите Е-308 и Е-308 SW ќе добијат целосно-нов електромотор кој испорачува 156 коњски сили и 260 Nm вртежен момент (кои се веднаш достапни), во комбинација со батерија со капацитет од 54 kWh (од кои 51 kWh се достапни) – за да имаат автономија од над 400 километри (според WLTP мерењата) со едно полнење на батериите. Батеријата е од најнова генерација и има нова хемиска структура – 80% Никел, 10% Манган и 10% Кобалт, и работи на 400 волти.

Многу внимание е посветено на ефикасноста кај новите E-308 и E-308 SW. Инженерите посветиле многу внимание на комбинирањето на моторот, батеријата, аеродинамиката, намалување на тежината и намалување на загуби од триење. Со сето ова, новите E-308 и E-308 SW трошат само 12.7 kWh на 100 изминати километри. На возачот ќе му бидат достапни три режими на возење – Eco, Normal и Sport. Електричните верзии ќе бидат достапни со нови 18-инчни алуминиумски тркала кои се специјално дизајнирани за да ја подобрат аеродинамиката.

Новите E-308 и E-308 SW ќе бидат достапни во Allure и GT нивоа на опрема, а ќе пристигнат на пазарот кон средината на следната година.

Поврзано:   Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.