Инженерите на Volkswagen му посветија дополнително внимание на Golf R со цел да го направат уште помоќниот Golf R 20 Years – и низ серија видеа ќе ни покажат како специјалниот, најмоќен сериски Golf во историјата се издвојува од другите.
Најмоќниот Golf во сериско производство во историјата на Volkswagen има специјално доработен 2-литарски TFSI турбо-бензинец кој испорачува 333 коњски сили, кои пак му овозможуваат на специјалниот хипер-хечбек да забрза до 100 километри на час за само 4.6 секунди. Како што веќе знаеме, специјалниот Golf R 20 Years ќе се произведува само една моделска година, а денес ќе погледнеме како Volkswagen всушност го разви овој специјален, славенички модел.