Hyundai подготвува две мали електрични возила за европскиот пазар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai подготвува две мали електрични возила за европскиот пазар

Иако Hyundai најави дека подготвува нов мал електричен автомобил, сепак се појавија гласини дека корејскиот бренд подготвува две мали електрични возила за европскиот пазар кои би требало да чинат помалку од 20.000 Евра.

Информацијата доаѓа од колегите од Autocar, а според нив двата мали електрични автомобили ќе бидат во А-сегментот и ќе бидат наследници на малиот i10. Според најавеното, ќе бидат конкуренти на малите градски електрични возила од Volkswagen, Skoda и Cupra. Сега за сега немаме детални информации, но знаеме дека ќе користат електричен модул од BorgWarner кој испорачува 184 коњски сили (кој можеби ќе биде присилно „ослабен“ за да одговара повеќе на градски автомобил и да се подобри автономијата), но и дека се очекува да чинат помалку од 20.000 Евра.

Двата мали автомобили би биле поставени на заедничка платформа, а воопшто не би нѐ изненадило ако и Kia понуди барем еден ваков мал градски електричен автомобил. По сѐ изгледа дека конкуренцијата во овој сегмент ќе биде навистина силна – малите електрични автомобили совршено одговараат во градските средини. Останува само да почекаме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.