Утринска Гимнастика: W16 моторот на Bugatti е последниот од неговиот вид! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: W16 моторот на Bugatti е последниот од неговиот вид!

Bugatti претстави кратко, но прекрасно видео од произведувањето на уникатниот мотор, кој го продолжува својот живот во хипер брзиот Chiron.

8.0-литарскиот агрегат со 16 цилиндри поставени во W кофигурација го владееше светот на мотори со внатрешно согорување речиси две декади. Тој ги погонуваше хиперавтомобилите кон низа рекорди и записи во историјата, како единствен 16-цилиндарски мотор во светот.

Како уникатно ремек дело на инженерството и постигнување на статусот на икона, 8.0-литарскиот W16 мотор дебитираше во Veyron 16.4 во 2005 година, пред да го достигне врвот на своето постоење во Chiron Super Sport 300+, кој ја премина границата од 300 милји на час, постигнувајќи точно 304.773 милји на час (490.484 километри на час) во 2019 година.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.