full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на бензините се намалуваат за 2, на дизелот за 2.5 денари

Според најновата пресметка на Регулаторната Комисија за Енергетика, цените на горивата се намалуваат во просек за 1.99%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 93.50 денари, додека ден литар 98-октански бензин ќе чини 96.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 93.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.