Audi подготви специјален Design Edition пакет за моќните S6 и S7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготви специјален Design Edition пакет за моќните S6 и S7

За жал, пакетот (сега за сега) е резервиран само за купувачите од Северна Америка – но визуелните измени иако дискретни, се навистина одлични!

Пакетот започнува со две нови ексклузивни бои – Arrow Gray и Liquid Dark Chrome. Дополнително, достапни се и други бои, но навистина, дали би одбрале некоја друга боја? Дали има потреба? Екстериерот добива и High Gloss Black пакет кој се комбинира со Liquid Dark Crhome пакети – а сето тоа значи црни Audi прстени и значки, црн кров, црни декоративни елементи околу прозорците, црни странични ретровизори и црн заден спојлер за S6. Двата автомобили добиваат мат црни предни маски и Liquid Dark Chrome детали на предните и задните браници.

S6 добива огромни, 21-инчни тркала со V-дизајн, додека S7 добива 21-инчни тркала со нијанса поостар дизајн. Тркалата се во Platinum Grey боја, додека зад нив се кријат шепи за сопирачките во црвена боја.

Кабините на двата автомобили добиваат црвени шевови, а рачката од менувачот, долниот дел од конзолата и уште некои елементи се обвиени во микрофибер материјал кој се вика Dinamica. Спортските седишта се обвиени во Valcona кожа, а управувачот е обвиен во алкантара.

Механички измени нема – но повторно, дали се потребни? S6 и S7 се придвижувани од 2.9-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и 650 Nm вртежен момент.

Design Edition пакетот за жал не се нуди како пакет во Европа, но истите опции можат да бидат нарачани кога некој ќе си го специфицира својот автомобил – освен боите, тие најверојатно ќе останат ексклузивни.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.