Официјално е оформен Porsche Club Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално е оформен Porsche Club Македонија!

Со вчерашното инаугуративно возење и дружење, официјално беше оформен и започна со работа Porsche Club Македонија!

Клубот е наменет за сопствениците на Porsche, но и за оние кои се обожуватели на германскиот бренд на спортски автомобили како и за оние кои планираат во иднина да станат сопственици на Porsche автомобил.

Интересно е да се напомене дека клубот е официјално регистриран во глобалната мрежа на Porsche клубови ширум светот и не само што има задача да го промовира и заштитува брендот, туку има и општествено-одговорна страна која ќе ги промовира безбедното возење и безбедноста во сообраќајот.

На првото, инаугуративно возење учество земаа неколку возила на Porsche – меѓу кои се најдоа различни примероци на Porsche 911, како и Porsche Cayman GT4, а ние имавме ексклузивна можност медиумски да го покриеме возењето и да бидеме дел од овој навистина важен настан.

Ги поддржуваме и поздравуваме ваквите иницијативи, бидејќи преку креирање на вакви официјални клубови не само што се заштитува имиџот на брендот, туку и се наметнува поквалитетен и поинтерактивен начин на уживање во автомобилите.

Од Porsche Club Македонија најавуваат интересни настани во иднина, како и патувања кон интернационални дестинации и тркачки патеки – а ние ќе бидеме таму да ја пренесеме атмосферата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.