Македонска премиера на новиот Opel Grandland! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новиот Opel Grandland!

Opel неодамна подготви темелно освежување за Grandland, а големиот SUV од денес е достапен и во Македонија.

Најважното визуелно освежување доаѓа на предниот дел на големиот SUV, каде Grandland го добива Vizor дизајнерскиот елемент од поновите модели во гамата, а добива и LED предни светла кои доаѓаат од големата Insignia. Новите IntelliLux светла имаат по 84 диоди и ветуваат одлична прегледност при ноќно возење. Интересен новитет е и новиот Night Vision систем кој користи инфрацрвена камера за да препознае луѓе и животни кои се оддалечени до 100 метри од автомобилот.

Темелно освежување добива и кабината, каде доминира Pure Panel решението со два дигитални дисплеи поставени еден до друг. Едниот е поставен пред возачот, и на него се прикажуваат сите детали и информации за возењето, додека на централно-поставениот дисплеј се прикажува мултимедијалниот уред, навигацијата…

Вака темелна трансформација е вистинска реткост кога се работи за моделско освежување. На технолошкиот фронт, Grandland добива нова 360-степенска камера, адаптивен темпомат и грст други нови технологии – како на пример напреден систем за активно следење на коловозната лента и систем за автоматско паркирање. Кабината добива и ергономски седишта, кои се особено комфорни и на подолги релации.

Во понудата на Opel остануваат докажаниот 1.2-литарски турбо-бензинец со 130 коњски сили (со мануелен или автоматски менувач), како и 1.5-литарскиот турбодизел со 130 коњски сили (со автоматски менувач), а тука е и плаг-ин хибридниот Opel Grandland Plug-in Hybrid со 300 коњски сили.

Освежениот Grandland на нашиот пазар ќе биде достапен во неколку различни нивоа на опрема – Grandland, Grandland GS-Line и Grandland Ultimate, како и Grandland Business Edition и Grandland Business Elegance кои се ориентирани кон флотните клиенти.

Цените започнуваат од 25.390 Евра. За повеќе информации, посетете некој од салоните на Opel, или пак официјалната веб-страница.

Поврзано:   Opel произведува автомобили веќе 125 години!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.