Во салоните на Škoda пристигна новата Fabia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салоните на Škoda пристигна новата Fabia!

Најновата генерација на супер-успешниот супермини на Škoda пристигна во салоните низ Македонија.

Најновата, четврта генерација на Fabia пристигна и во Македонија. Fabia за прв пат е поставена на MQB-A0 модуларната платформа на Volkswagen групацијата, а тоа пак носи многу придобвки – од нови и модерни технологии и погонски единици, па сè до попросторна кабина и подобрен комфор.

Fabia сега е уште поголема – долга е 4108 милиметри и има рекордерн багажен простор во класата – дури 380 литри. Но иновациите не запираат таму – благодарение на емотивниот дизајн и самоуверените пропорции, Fabia има и одличен коефициент на отпор од само 0.28 Cd. Fabia ветува и врвен простор во кабината и барем на прв контакт, изгледа како да ќе биде меѓу најпросторните автомобили во класата.

Дизајнерски детали има многу – од новите предни и задни светла со LED технологија, преку острите линии на поклопецот на моторот, па сè до линиите од каросеријата на предните врати кои оддаваат почит на триаголниот мотив на чешкото знаме. Многу внимание е посветено на аеродинамиката – па Fabia за прв пат добива активни аеро-елементи. „Ролетните“ со кои се затвораат некои од отворите за ладење при повисоки брзини ја намалуваат потрошувачката – од Škoda кажуваат дека со овие активни елементи, потрошувачката се намалува за 0.2 литри на 100 километри при брзина од 120 километри на час.

Дополнително, Fabia добива и поголем заден спојлер како и специјално-дизајнирани странични ретровизори – сето ова со цел да се подобри аеродинамиката. Дури и тркалата добиваат специјални аеро-додатоци.

Fabia за прв пат добива 10.25-инчен инструмент-панел, а на централната конзола е поставен 9.2-инчен мултимедијален уред. За прв пат во Fabia ќе се нуди и двозонски климатроник клима-уред, а благодарение на eSim уредот, Škoda Fabia може да биде постојано поврзана со интернет-мрежата.

Новата Fabia се нуди исклучиво со бензински мотори. На нашиот пазар во овој момент е достапен само 1-литарскиот MPI со 65, односно 80 коњски сили.

Поврзано:  Пристигна освежената Škoda Octavia!

Цените започнуваат од 14.500 Евра, а за повеќе информации посетете ја официјалната веб страница или салоните на Škoda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.