Toyota во четврток ќе ја претстави GR Corolla! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota во четврток ќе ја претстави GR Corolla!

Сега за сега немаме никакви официјални информации, но можеме да направиме неколку претпоставки…

Toyota најави дека за само неколку дена – на 31-ви Март – ќе ја претстави новата GR Corolla. Интересно, сега за сега е најавена само за Северна Америка, но со оглед на успехот на GR Yaris во Европа, се надеваме дека ќе пристигне и кај нас.

Сега за сега немаме никакви информации околу погонот, но на фотографиите кои ги објави Toyota забележуваме ознака GR-FOUR, а тоа ни укажува дека супер-спортскиот хечбек ќе има погон на сите четири тркала. Всушност, „ќе се дрзнеме“ и ќе шпекулираме дека GR Corolla ќе дели многу од компонентите со GR Yaris – а тоа значи дека можеме да очекуваме околу 260 коњски сили и уникатниот, рели-инспириран погон на сите четири тркала кој се вградува во малиот, супер-моќен субкомпакт. Колку за потсетување, GR Yaris користи 1.6-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува 260 коњски сили и 360 Nm вртежен момент.

Ќе бидеме трпеливи уште некој ден… ;)

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.