Peugeot 208 и 2008 добиваат нова рачка за автоматскиот менувач – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 и 2008 добиваат нова рачка за автоматскиот менувач

Супер-популарните Peugeot 208 и 2008 добиваат нов прекинувач за автоматскиот менувач кој ќе ја замени конвенционалната рачка – и со тоа ќе бидат во тек со останатите модели на брендот.

Според Peugeot, новиот контролер за автоматскиот менувач е поергономски и попријатен за користење. Францускиот бренд одлучи дека е време старата рачка на EAT8 автоматскиот менувач да биде заменета со прекинувач кој функционира како оној кај новиот 308. Дополнително, од Peugeot кажуваат дека новиот модерен дизајн ослободува повеќе простор во кабината, но и дека повеќе ѝ одговара на i-Cockpit кабината.

Комбинацијата на мат хром и карбонски детали изгледа навистина привлечно, а инженерите и дизајнерите на Peugeot кажуваат дека ваквите материјали оддаваат чувство на квалитет.

Новиот контролен панел за менувачот ќе биде достапен како кај верзиите со конвенционални мотори со внатрешно согорување, така и кај електричните е-208 и е-2008.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.