Нова услуга: Премиум чистење на тркала во Motocentar Gallery – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нова услуга: Премиум чистење на тркала во Motocentar Gallery

Дојде сезоната на летни тркала, а ние го посетивме Motocentar Gallery во East Gate Mall да ја провериме новата услуга за премиум чистење на тркалата.

Новата услуга која нашите пријатели од Мотоцентар ја нудат во новиот салон отворен во East Gate Mall е навистина интересна. Можноста за темелно чистење не само на тркалата, туку и на главчините каде се монтираат тркалата е ретка, но потребна. Па за и самите да провериме што вклучува овој зафат, отидовме да провериме. Според најавеното, целата процедура трае околу 90-тина минути.

Приказната започнува со демонтирање на тркалата и физичко остранување на лепак од стари тегови за балансирање, како и самите тегови за балансирање. Ова се прави со специјален алат, како и специјално средство кое го омекнува лепакот.

Откако ќе бидат отстранети лепакот и теговите, со жичена четка се чисти срцевината на фелните.

Потоа, тркалата се подготвуваат за темелно чистење во Wulkan 360 HP машината, која со ситни, пластични микрогранули ги отстранува нечистотиите од тркалата. Секако, доколку е потребно се интервенира и рачно, за темелно да се отстранат грубите и „упорни“ нечистотии.

Во меѓувреме, со жичена четка се чистат и главчините на автомобилот, каде се поставуваат тркалата.

По само неколку минути изгледаат како нови! Секако, цело време се користат високо-квалитетни средства и алати.

Откако ќе бидат исчистени тркалата, одат на повторно балансирање. Тука се користи врвна Road Force Elite машина за дијагностичко балансирање на гумите која симулира притисок на возење по улица, за балансирањето да е идеално.

Тркалата се чисти и подготвени за монтажа, но пред да ги монтираме, главичните се мачкаат со бакарна маст. Овој зафат не само што ќе ги заштити тркалата и главчините, туку и ќе го олесни вадењето во иднина.

Конечно, тркалата се монтираат, се нанесува заштитно средство на пневматиците а навртките се притегаат со момент-клуч. На крај, отидовме на ласерска проверка на длабочината на шарата на пневматиците.

Секако, достапни се и други услуги – доколку е потребно, тука е Hunter Revolution Tyre Changer машината којa е делумно автоматизирана се користи за минимизирање на инвазивноста при демонтирање и монтирање на пневматици, како и Atek Professional машината за корекција на искривени фелни.

Можете да најдете и разни премиум пневматици кои нашите пријатели од Мотоцентар ги нудат во својата понуда, како и да одберете алуминиумски фелни од програмата на GMP Italia кои во моментов се достапни со специјален попуст од 20%.

За повеќе информации околу оваа услуга, како и за можноста да закажете термин, контактирајте ги нашите пријатели од Мотоцентар. Чистењето на тркалата чини 150 денари за тркало, услугата за монтирање и демонтирање на пневматиците од фелните (доколку е потребно) чини од 300 до 450 денари за тркало, а балансирањето чини меѓу 200 и 600 денари за тркало. Ласерската проверка на пневматиците е бесплатна.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.