Porsche реставрираше и направи уникатен 911 Classic Club Coupe за Porsche клубот од Америка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche реставрираше и направи уникатен 911 Classic Club Coupe за Porsche клубот од Америка

Porsche Classic дивизијата која се занимава со темелно реставрирање на стари автомобили и Porsche Club of America подготвија нешто навистина спектакуларно – темелно реновиран и модифициран 911 од генерацијата 996, со многу модерни надградби и детали.

Ако треба некако да го опишеме овој 911, ќе го опишеме како спектакуларен. Уникатниот 001/001 911 добива Sport Grey Metallic сива боја, спортски кров со проширувања за безбедносни кациги, Fuchs тркала и интегриран заден спојлер (кој треба да асоцира на легендарниот 911 Carrera RS 2.7 од 1972). Кабината добива многу спортски детали и детали во специјална сина боја (бојата на клубот), како и специјално плетени материјали.

Секако, поработено е и на моторот – па автомобилот конвертиран во 911 GT3 од втората генерација – а тоа значи дека добива 3.6-литарски боксер кој испорачува 381 коњска сила и 385 Nm вртежен момент, а ги добива и шасијата и сопирачките од GT3 од таа генерација.

Целата приказна околу овој автомобил започнала кога при една вечера меѓу Porsche Classic и челниците на Porsche Club of America, уште во 2018. Porsche Club of America купиле запоставен црн примерок на 911 од генерацијата 996 и го испратиле во Porsche Classic во Stuttgart-Zuffenhausen, каде започнала работата на овој уникатен примерок. Идејата била прилично едноставна – да се направи 911 од генерацијата 996 кој ќе биде инспириран од 991 Sport Classic од генерацијата 997 (кој Porsche никогаш не го понуди во САД). Како што рековме, оригиналниот мотор бил изваден, и вграден е мотор од 911 GT3 кој „врти“ до 8000 вртежи во минута.

Секако, ова е уникатен автомобил – па затоа ја има и „001/001“ значката на контролната табла. Навистина спектакуларен автомобил, нели?

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави целосно-новиот, целосно-електричен Macan!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.