Во салонот на Ford во Скопје пристигна освежената Fiesta – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Ford во Скопје пристигна освежената Fiesta

Во салонот на Ми Да Гранд Моторс во Скопје веќе може да се погледне неодамна-освежената Fiesta.

Освежената Fiesta ќе ја препознаете преку редизајнираниот преден дел со поголема предна маска со централно поставен знак на Ford, како и поголеми отвори за воздух. Препознаваме и дискретно редизајнирани предни светла (кои сега стандардно ќе бидат со LED технологија, а достапни ќе бидат и Matrix LED предни светла), додека задниот дел добива нови црни декоративни елементи околу светлата, како и опционални LED задни светла.

Кабината може да се нарача со целосно нов, 12.3-инчен дигитален панел со инструменти. Достапни се и нови режими на возење – стандардната Fiesta има Eco, Normal и Sport режими, додека Active добива и Trail и Slippery режими, а Fiesta ST добива специјален Track режим. Централно е поставен нов 8-инчен мултимедијален уред со надграден SYNC 3 оперативен систем, како и можност за Android Auto и Apple CarPlay поврзување. И понатаму се достапни некои премиум опции – како на пример одличниот B&O аудио уред со 10 звучници, но на пример сега можете да нарачете систем за безжично полнење на мобилен телефон.

Од аспект на безбедноста, додаден е систем за предупредување кога се движите во погрешна насока, кој препознава сообраќајни знаци. Секако, тука се и адаптивниот темпомат, системот за следење на слепа точка, итн.

На нашиот пазар Fiesta е достапна со еден атмосферец и два турбо-бензинци. Атмосферецот е со зафатнина од 1.1 литар и испорачува 75 коњски сили, и може да се добие само со 5-степен мануелен менувач. Скалило погоре е одличниот 1-литарски EcoBoost турбо-бензинец кој испорачува 100 или 125 коњски сили. Доколку ја нарачате 100-коњската верзија ќе можете да го комбинирате со мануелен 6-степен менувач, додека 125-коњската верзија е со MHEV технологија и се комбинира со одличен 7-брзински DCT менувач со двојна спојка.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ford Capri се враќа во форма на електричен купе-SUV

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Ford, или пак салонот на Ми-Да Гранд Моторс.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.