Македонска премиера на новиот Kia Sportage! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новиот Kia Sportage!

Пред само неколку моменти во салонот на Kia Motors Македонија официјално беше претставена најновата генерација на супер-популарниот Sportage.

Целосно-новиот Sportage воведува многу новитети – од новиот дизајн, преку новите мотори и менувачи, па сè до новите технологии и системи за асистенција. Предниот дел добива храбар, модерен лик со нова интерпретација на Tiger Nose маската.

Добиваме и нови LED дневни светла како и напредни нови Matrix LED предни светла. Задниот дел е остар, со храбро-дизајнирани светлосни групи, а профилот е заострен и значително посовремен од конвенционалните SUV форми. Површините се комплексни и модерни – и навистина, новиот Sportage ветува дека и понатаму ќе биде еден од најинтересните модели на пазарот. За прв пат се нуди црн кров, а на клиентите им се достапни тркала во димензии од 17 до 19 инчи.

Во однос на моторите, моменталната понуда на нашиот пазар се состои од 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец со 150 или 180 коњски сили, како и 1.6-литарски CRDi турбодизел со 116 или 136 коњски сили. Основниот бензинец се нуди со погон на предните тркала и мануелен менувач, додека помоќниот може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала и во комбинација со 7-брзински DCT автоматски менувач со двојна спојка.

Слично е и кај турбодизелот – основната изведба се добива со мануелен менувач и погон на предните тркала, додека помоќниот турбодизел е достапен со погон на предните или на сите четири тркала и со истиот 7-брзински DCT.

Достапни се дури четири нивоа на опрема, прилагодени според барањата на купувачите. Купувачите ќе можат да изберат меѓу Reference 1, Reference 2 и Reference 3, додека на самиот врв е поставенo GT-Line нивото на опременост кое ветува и спортски детали, како и поспортско искуство зад управувачот.

На самиот старт, новиот Sportage е достапен во специјална акциска First Edition понуда. Цените започнуваат од 24.900 Евра за Sportage во First Edition ниво на опрема во комбинација со 150-коњскиот T-GDI турбо-бензинец, погон на предните тркала и мануелен менувач. За повеќе информации, посетете го салонот на Kia, или пак официјалната веб-страница на Kia Motors Македонија.

Поврзано:   ТУРБО ТЕСТ: Kia Sportage 1.6 T-GDI HEV AWD Executive - Поефикасен и помоќен Sportage

Наскоро ќе го добиеме новиот Sportage на тест и ќе ги пренесеме и нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.