full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Nissan 400Z го поттикнува дивиот дух кај своите возачи!

Јапонскиот бренд го објави рекламното видео за овогодишниот Superbowl натпревар, со Јуџин Леви како главен херој.

Новиот Nissan 400Z е навистина прекрасен автомобил со ентузијастички распоред на елементите – мотор поставен напред, со погон на задните тркала. Единствена маана е тоа што не се продава во Европските земји.

Во новото видео, Nissan ја истакнува таа ентузијастичка особина која го овозможува вистинското возачко уживање и на комичен начин го претвора нежниот маж во вистински акционен алфа мажјак.

Како изгледа целата акција погледнете во видеото подолу и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.