2021 беше рекордна и за Ferrari – продадоа повеќе од 11.000 возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2021 беше рекордна и за Ferrari – продадоа повеќе од 11.000 возила!

2021 беше рекордна и за Ferrari – италијанскиот бренд продаде 11.155 возила минатата година!

2021 беше одлична година за Ferrari – не само што продажбата порасна за 22.3 проценти во однос на 2020, туку во 2021 италијанскиот бренд продаде најмногу возила во една година во својата историја. Ferrari минатата година продаде 11.155 возила!

„Нашите рекордни резултати ја демонстрираат силата на нашиот бизнис модел“ – изјави претседателот на Ferrari, Benedetto Vigna, и додаде – „внимателно ги процесиравме сите нарачки во согласност со нашата стратегија да целиме кон контролиран раст и да ја задржиме ексклузивноста на брендот.“

Најголеми пазар за Ferrari минатата година бил ЕМЕА регионот (Европа, Блискиот Исток и Африка) каде биле испорачани вкупно 5492 возила. Во Америките биле испорачани 2831 возило, додека во Кина, Хонг Конг и Тајван (каде побарувачката е зголемена за импресивни 97%!) се продадени 899 возила.

Продажбата на Ferrari се очекува дополнително да се зголеми во следните неколку години – моделската стратегија на италијанскиот бренд се покажува како успешна, а деновиве потврдија дека оваа година ќе го лансираат својот прв SUV – Purosangue. Во годишниот извештај за 2021, Ferrari потврди дека Purosangue ќе биде претставен оваа година, а првите примероци ќе бидат испорачани кон купувачите во 2023.

Криза-шмиза.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.